Интересна замисла на Артета: А да го вратиме Венгер?

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, во своето последно интервју имаше интересна забелешка околу Арсен Венгер.

Имено, тој го посакува професорот блиску до него, за да добива совети кои можат да бидат од круцијално значење на сите нивни натпревари, бидејки сепак, Венгер беше тренер на Арсенал до пред некоја сезона, беше алфа и омега во клубот, иако резултатите не беа соодветни и посакувани.

Јас би сакал да го имам Венгер блиску до мене во клубот. Сметам дека може да биде од огромна помош, за мене, но и за играчите и клубот. Тој би можел да влијае на играта во клубот, па сигурен сум да тврдам дека во клубот би биле среќни повторно кога би го довеле Венгер“, истакна Артета.

Арсенал по лошиот старт на сезоната, имаше еден добар период во кој победуваше и сега се наоѓа на 5. позиција на табелата, пред Тотенхем и Манчестер Јунајтед.