Интересна опција: Англиската фудбалска легенда сака да го води Њукасл?!

Последните информации од островот се дека новите сопственици на Њукасл, деновиве ќе му врачат отказ на Стив Брус и ќе си изберат нов тренер.

Со оглед дека веќе циркулираат неколку поголеми и познати тренерски имиња, сега во таа листа на шпекулации се доведува и Вејн Руни, легендата на Манчестер Јунајтед.

Вејн Руни кој е моментално тренер на Дерби Каунти, наводно бил заинтересиран да го води Њукасл во Премиерлигата.

Дерби е во сериозни финансиски проблеми и практично се пред банкрот, а можеби наскоро и тие да тргнат по патот на Њукасл, да бараат нови сопственици, односно продажба на клубот, по теркот на тоа што го направи тимот од „Сент Џејмс парк“.

Би можел да го тренирам Њукасл“, бил коментарот на Руни кога го прашале за можниот трансфер во Њукасл.