Интер во два доста важни натпревари, без еден од клучните фудбалери

Интер во следниот период го очекува доста тежок распоред, а ќе бидат веројатно без еден од најважните играчи.

Актуелниот шампион во Италија на 5. февруари во Серија А игра против Милан, потоа им следи дуел во Копа Италија (четвртфинале) против Рома, па гостуваат кај Наполи во рамки на Серија А, па двомеч со Ливерпул во осминафиналето во ЛШ, а помеѓу тоа, играат уште и со Сасуоло, Џенова и Салернитана.

Во двата важни натпревари во ЛШ против Ливерпул, тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, нема да може да смета на Николо Барелја, кој по црвениот картон против Реал Мадрид во 6. коло од групната фаза, е суспендиран на два меча.

Да потсетиме, Интер е поразен во Мадрид со резултат од 2:0, а Барелја во 64. минута заработи директен црвен картон на еден доста непотребен начин.