Интер ја однесе понудата во Лондон, сега Лукаку е се поблиску

Италијанските медиуми вечерва пишуваат за понудата која директорот на Интер, Пјеро Аузилио ја достави до Манчестер Јунајтед.

Интер со сите сили се обидува да го заврши трансферот на Лукаку, но нивната понуда стигна до 70 милиони евра. Првите десет милиони ќе бидат исплатени како позајмица, а две рати од по 30 милиони ќе бидат платени во следните две години, што значи дека трансферот на Лукаку ќе биде задолжителен, но ќе биде запишан во финансиските книги за две години.

„Ѓаволите“ ќе одговорат на понудата, тие се свесни дека Лукаку сака да си замине, пред се поради фактот дека нема да биде стандарден. Солскјер го убедуваше дека ќе има доволно минутажа, но Белгиецот знае дека Рашфорд е во предност и поради тоа инсистира да го напушти клубот.

Симптоматично е што во Австралија тој тренира одвоено од остатокот од екипата, што покажува дека чека конечен договор и преселба во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интер со нова понуда за Лукаку, Јунајтед конечно би можел да прифати

Се е јасно: Кутињо со својот последен потег потврди дека си заминува од Барселона

ПСЖ си донесе ново засилување – од Борусија Дортмунд

Шкендија шокирана и елиминирана во 91 минута во Скопје: Номе Калју во следната фаза

Агентот на Бејл се огласи за можниот трансфер или позајмица

ВИДЕО: Игуаин и Роналдо на тренинзите, како желка и зајак

Мурињо се шегува со Конмебол: И Роналдо може пред Меси да ја освои Копа Америка

Има и такви фудбалери: Ја одби Барселона за да остане во Манчестер Јунајтед

Екс фудбалерот на Арсенал: Не знаев што правам при трансферот во Барселона