Интер ги разочара навивачите – Дортмунд заедно со Барса патници во нокаут фазата

Нераѕурите вечерва ги разочараа своите навивачи, бидејки не успејаа да ја победат Барселона на „Џузепе Меаца, победа која им беше прекупотребна за 2. позиција во групата.

Барселона вечерва со головите на Перез во 23. и Фати во 87. минута, успеа да победи, иако не им беше потребна оваа победа за првата позиција.

Интер имаше неколку шанси при резултат 1;1 да дојде до предност, но тоа не го реализираа, па на крајот Барселона ги казни. Дури и со реми Интер не беше пласиран во следната фаза бидејки им беше потребна само победа.

Дортмунд дома успеа да победи со 2:1 против Славија Прага и на тој начин да си обезбеди место меѓу најдобрите 16. Интер сега патува кон Лига Европа бидејки се третопласирани.

Од останатите натпревари, Валенсија победи кај Ајакс со 0;1, а Челси беше си гурен на домашен терен против Лил со 2:1, и на тој начин Валенсија и Челси се патници во нокаут фазата од оваа група.

Во групата Г, Лион и Лајпциг со ремито вечерва (2;2), си ги потврдија првите две позиции во следната фаза. Бенфика иако го победи Зенит со 3:0, сепак тоа не беше доволно за да се пласираат понатаму.