Интер е лидер, но сега и официјално имаат нова грижа: Името на проблемот е – банкрот!

Кинескиот фудбалски клуб Џенгсу Сунинг прогласи и официјалн о банкрот.

Компанијата Сунинг, која во своја сопственост го има и клубот Интер, прашање е како ќе може да делува во Серија А во иднина.

Сунинг го напушти кинескиот фудбал. Џенгсу повеќе нема да биде дел од групата под сопственост на Жанг Џиндонг. Поради соочување со многу детали околу кои нема контрола, Џенгсу повеќе не може да даде гаранции за континуитет. Џенгсу престанува да постои. Ќе престане да функционира и клубот“, стои во официјалното соопштение.

Џенгсу е минатогодишен шампион на Кина, но има огромни долгови, кои се одразуваат и на платите на повеќе стотици вработени последните 3-4 месеци.

Сега се поставува прашањето – што ќе биде со Интер во Серија А?

Интер е лидер во првенството и оди кон тоа да биде шампион, доколку им се наредат коцките, но вљубениците во овој клуб, сега со право стравуваат од секој потег на нивните сопственици.