Иниеста: Би сакал да се вратам во Барселона

Познатиот шпански фудбалер Андрес Иниеста изјави дека би сакал еден ден да се врати во Барселона.

Поранешниот каталонски играч, кој последните пет години играше во Јапонија, најави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Висел Коби. Се уште не се знае каде ќе ја продолжи/заврши кариерата 39-годишниот ветеран.

„Како што сум кажал многу пати, би сакал да се вратам во Барселона во одреден момент од мојот живот. Но, сега мислам дека ова е далеку. Сакам да продолжам да играм фудбал. Се надевам дека Чави ќе продолжи да ја тренира Барса уште долго“, изјави Андрес Иниеста.

Иниеста се пресели во Висел Кобе од Барселона во 2018 година. За овој јапонски клуб одигра 133 натпревари, постигнувајќи 26 гола и 25 асистенции.