Имавме право – Борко дојде во Скопје за да тера политика!

Можеби не се најде на кандидатската листа за пратеници на својата партија, но голманот на Вардар со сите учествува во нејзината предизборна кампањата иако таа со сите сили се противи на изборите. Такво нешто најавивме уште на 1 март кога стана јасно дека ќе се врати во Македонија.

Максимално ги користи социјалните мрежи за да го пали народот, дури и за теми за кои, реално, врска нема. Откако газдата го остави Ракометниот клуб Вардар на цедило среде сезона, истото го направи и со фудбалскиот колектив, предавајќи му го, пред избори, жешкиот костен на градоначалникот Петре Шилегов. Фудбалот, па и финансиите, не се специјалност на Ристовски, но не е важно, треба да се плука по нешто.

Пред да се случи примопредавањето, „коалициониот партнер“ на неговата партија, Сергеј Самсоненко, кој во јавноста излегува само по нарачка, го остави ФК Вардар дури и без струја, но со огромни долгови и без плати за фудбалерите и вработените, па логично е што Град Скопје не сака да го преземе во таква состојба затоа што рускиот бизнисмен не го добил клубот таков. Вардар е во опасност да не добие место во европските купови затоа што клубот има долгови и треба да плати 1,6 милиони евра. Но, Вардар не играше и лани во Европа од истите причини, па тогаш Борко не „кенкаше“, туку уште си ја мислеше играчката кариера, а сега тера партиска партиска агенда и треба да им се додвори на навивачите – ПРЕД ИЗБОРИ!

Ракометарот Борко беше еден од најдобрите во историјата на Македонија, член на златната генерација на македонскиот ракомет. Политичарот Борко е на добар пат сето тоа да го фрли на буниште. Барем да почекаше да ја заврши кариерата, па после да почнеше со плукање…