Имам дресови на Реал, ама никогаш не сум ги облекол, алергичен сум на нив

Контроверзниот дефанзивец на Барселона, Жерард Пике призна дека има неколку дресови на најлутиот ривал Реал Мадрид, но тие му се само како сувенири/

„Знаев да сменам дрес со играчите на Реал, но никогаш не сум ги облекол. Алергичен сум од самата можност за тоа“, изјави Пике кој често знае да го пецне мадридскиот клуб.

На навивачите на Реал не им се допадна изјавата, па почнаа да го тролаат дека ќе биде новиот Фиго, односно ќе ја предаде Барса за да се пресели на Бернабе.