Има ли нов проблем во Реал? Зидан го „откачи“ Бејл за Севиља!

Иако беше полн со пофалби на сметка на велшкиот фудбалер по Ел Класико, Зинедин Зидан одлучи да го остави надвор од составот за утрешниот меч против Севиља на домашен терен.

Ова е изненадување ако се знае дека Герет Бејл нема никаква повреда, нормално тренираше цела недела и очекуваше да заигра. Многумина во ова видоа продолжение на конфликтот меѓу Зидан и Бејл, но веројатно не станува збор за такво нешто.

Французинот и во својот прв мандат во Реал беше познат по тоа што често ги ротираше своите фудбалери со цел да бидат подготвени за напорите пред крајот на сезоната. Утре нема да игра ни Серхио Рамос кој има повреда на скочниот зглоб.