Илиев по седум години го напушти Арсенал: Ќе брани кај македонски тренер

Ништо од шансата, барем ова година македонскиот репрезентативец Дејан Илиев да добие посериозна шанса на голот на Арсенал.

Нашиот чувар по седум минати години на „Емирати“ денес го напушта клубот, барем привремено. Имено тој следната сезона ќе ја мине на позајмица во Словачка, во тимот на Серед.

Тоа е клуб каде што од летово нов шеф на стручниот штаб е македонскиот стратег Славчо Војнески

Согласно договорот со Серед, Арсенал ќе има право да го врати Илиев и по шест месеци, пред истекот на годишната позајмица.