Или премногу ги почитува или стравува од нив: За Жозе, Јуве е секогаш фаворит за Скудето!

Фудбалерите на Рома гостуваат во Торино во рамки на првенствен меч од Серија А вечерва.

Тоа ќе биде сериозен предизвик за тимот на Жозе Мурињо, да се видат нивните сили, до каде се кадарни да одат сезонава.

Ќе биде тоа интересно да се гледа, бидејки сепак ова е најатрактивен меч ова коло во Серија А.

Ова не е мој натпревар против Алегри. Играат Јуве и Рома, како што во минатото да кажеме играше Јунајтед и Јувентус. Ќе ми биде мило да го поздравам пред натпреварот. Имаме добар однос со Алегри и мило ми е што тој се врати за тренер во Јувентус, беше предолго на одмор“.

„Ние имаме доста силен тим и секогаш се фаворити за Скудето. Не се работи само за 11 стандардни играчи, туку 20 исклучително квалитетни играчи. И тренерот има многу искуство, Јувентус е голем кандидат за титулата“, истакна Жозе Мурињо.

Мечот се игра вечерва од 20:45 часот.