ИХФ со реакција на наводниот инцидент со труење од храна во таборот на Словенија

Интернационалната ракометна федерација излезе со став околу обвинувањата на Словенија дека биле затруени со храна непосредно пред мечот со Египет.

Словенците обвинија дека дури 12 нивни играчи се затруени со храна, односно дека некои од нив дури урлале од болки во стомачниот предел.

На овие обвинувања од селекцијата на Словенија, ИХФ излезе со соопштение:

ИХФ се повикува на информации кои ги објавија од ракометната федерација на Словенија по последниот меч од групата фаза во Египет, околу тоа дека нивните играчи биле затруени со храна. Словенската федерација не поднесе ниту едно барање тие два дена кон ИХФ. Ние ќе отвориме истрага и ќе побараме од надлежните за контрола на квалитетот на храна, да дадат изјава и да истражат дали навистина труењето кај ракометарите дошло од храната“, порачаа од ИХФ.