Светската ракометна федерација (ИХФ) објави дека во октомври се селат во нов дом. Седиштето на врвната ракометна организација ќе остане во Швајцарија и ќе остане во градот Базел, но ИХФ долгорочно закупи модерен комплекс на шест ката од каде што ќе се координираат сите активности на светскиот ракомет.
-Овие канцеларии се повеќе од зграда, тоа е симбол на нашата амбиција. ИХФ брзо расте, во смисол на меѓунарден досег и во комлексноста на спортскиот екосистем. Новиот дом ќе ни овозможи подобар сервис за членките, спортистите, тренерите и фановите ширум светот. Ќе биде место каде што се раѓаат идеи, каде што се носат стратешки одлуки и каде што нашето срце ќе бие посилно од кога било, изјави претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа.