Играше во Јунајтед, а сега го бараат во нашето соседство?

Eнтони Марсијал кој ова лето конечно го напушти Манчестер Јунајтед, конечно би можел да пронајде излез од безизлезната ситуација за него која трае со години.

Тој низ годините полека но сигурно ја губеше формата во Манчестер и никако не успеваше да остане првотимец. Можеби и тоа делуваше демотивирачки за него, но сега е слободен играч и може да избира клуб.

Сега, постои излезна рута за него и доколку ја прифати, тоа може да биде добро за него бидејки редовно би играл и би ја држел формата на високо ниво.

За него се распрашува Фламенго од Бразил, на кои им бил потребен итно офанзивен фудбалер, на местото Педро, кој оваа недела ги повреди вкрстените лигаменти додека тренираше со репрезентацијата на Бразил.

Марсијал има уште неколку понуди и по се изгледа не сака да брза со одлуката. Францускиот фудбалер имал и понуда од АЕК Атина, од каде биле подготвени да му понудат годишна плата од 2 милиони евра.

Во АЕК моментално најплатен играч е Ерик Ламела со 2 милиони евра по сезона, па тоа може да биде интересна опција за Французинот, да остане во Европа, но во далеку послабо првенството од она претходно.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО