Играше против Вардар во епското полуфинале од ЛШ 2019, а сега ќе игра за „црвено-црните!“

Вардар 1961 ја извести спортската јавност во Македонија дека од следната сезона, боите на клубот и официјално ќе ги брани Дуарте.

Дуарте е првиот португалски ракометар кој ќе настапува за екипата на Вардар, доаѓа од екипата на Монплеје од Франција, а уште има настапувано низ кариерата и за Порто, Барселона и Висла Плоцк.

Португалецот има 31 година и игра на позицијата лев бек. Добро кај Дуарте е што нуди опција плус кога е на терен, освен во нападот, тој игра доста солидно и во одбрана, што ќе му даде причина плус на тренерот на Вардар да му даде поголема минутажа на терен.

Досега во таборот на Вардар потврдени се доаѓањата на Анѓелиќ и Цехте, а со оглед на доаѓањето на Дуарте, може да се очекува веројатно уште некој трансфер, бидејки и дел од актуелната екипа на Вардар би заминала ова лето.