Играшe за Реал Мадрид и Партизан, а сега го засил МЗТ Скопје

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски (22 год, 192 см) е кошаркарот кој го комплетира ростерот на МЗТ Скопје Аеродром за новата сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор со нашиот тим.

Станува збор за плејмејкер, кој во „Јане Сандански“ доаѓа како слободен кошаркар по едногодишниот престој во тимот на Гостивар. Од него се очекува да му биде од помош на Американецот Лестер Медфорд во организацијата на нападите на сино-белата чета, а воедно да донесе полетност и енергија, која доаѓа со неговата возраст.

Магдевски иако е релативно млад, сепак, е добро познато име во македонската кошаркарска јавност и тоа како еден од нашите најголеми таленти во последните 7-8 години. Ја мина младинската школа на Реал Мадрид, потоа извесен период настапуваше за Партизан, по што се врати во Македонија, каде пред гостиварската авантура две сезони играше за Фени индустри. Во 2012 година доби привилегија да биде дел од кампот на Мајкл Џордан, прво во Лондон каде што беше меѓу најдобрите, а потоа и во американскиот град Шарлот.

Со најновата аквизиција, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов, сега на располагање има дури десет квалитетни имиња кои рамноправно ќе конкурираат за минутажа на средбите од АБА2-лигата и двете домашни натпреварувања. Пред Магдевски, аеродромци ги ангажираа Љубомир Младеновски, Хрватот Иве Иванов како и Американците Медфорд и Џејмс Вудард, а од минатата сезона останаа Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов, Андреј Маслинко и Србинот Андрија Бојиќ.

За вицешампионот сезоната почнува на крајот од септември кога во „Јане Сандански“ ќе гостува словенечки Хелиос на стартот од деби настапот во АБА2-лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Дончиќ дели неверојатни асистенции, но Американците се воодушевени од неговото радување

Кари со интересен став за 12-те астронаути кои патуваа кон месечината

Атаман бара Евролигата да направи преседан – да преиграат веќе завршен меч?

ВИДЕО: Перфекционистот Обрадовиќ пак во голем елемент: Еј ало, каде одиш?

Обрадовиќ со својот Фенер ги победи „детелинките“ среде Атина

Морбидна исповед на соиграч на Дражен: Ја видов несреќата во неговите раце 1990 година

Ајверсон: Правите споредба на Леброн со Мајкл Џордан, дали се шегувате со мене?

(ФОТО) Скандал во Истанбул: Нацистички слоган ги дочека израелските кошаркари!

(ВИДЕО) Пцуј по „нашки“ за да не добиеш техничка: Дончиќ го направи партал судијата во НБА