Играчот на Челзи имал непријатна епизода: Менаџерот ме крадеше, сакав да се откажам од фудбалот

Првотимецот на Челзи и репрезентацијата на Италија Жоржињо еден е од главните фудбалери заслужни за освојување на Лигата на Европа под водство на тренерот Маурицио Сари, а малку фалеше и воопшто да не стане фудбалер.

За се е виновен неговиот поранешен агент, кој го крадел уште додека бил тинејџер. Родениот Бразилец, откри како се одвивало се додека бил играч на Верона.

„Верона тогаш не играше во Серија А, немаа ни млади селекции, поради што јас играв за локалниот клуб Берети. Тој клуб играше во Серија Ц1/Ц2. Играв таму две години и се спријателив со уште еден Бразилец, Рафаел, кој беше голман. Тој често ме прашуваше што правам во слободно време, по што во една прилика му реков дека живеам со 20 евра дневно“, открива Жоржињо.

Неверојатното сознание го шокирало Рафаел.

„Ми рече ’Чекај малку, тука нешто не е во ред’. Тогаш малку се распраша околу тоа за на крајот да се испостави дека мојот агент ја земал мојата плата, а јас за тоа немав поим. Во тој момент сакав да се откажам од фудбалот, бев многу повреден и заситен од се. И се јавив на мајка ми да и кажам дека ќе се откажам од фудбалот и дека сакам да се вратам дома, но таа ми рече дека тоа не доаѓа предвид сега кога веќе сум блиску до тоа да си го остварам сонот и да станам играч“, раскажа Жоржињо.

Инаку, Бразилецот во Италија пристигнал кога имал само 15 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Атлетико и Тотенхем се договорија, Симеоне добива големо засилување

Интер со нова понуда за Лукаку, Јунајтед конечно би можел да прифати

Се е јасно: Кутињо со својот последен потег потврди дека си заминува од Барселона

ПСЖ си донесе ново засилување – од Борусија Дортмунд

Шкендија шокирана и елиминирана во 91 минута во Скопје: Номе Калју во следната фаза

Агентот на Бејл се огласи за можниот трансфер или позајмица

ВИДЕО: Игуаин и Роналдо на тренинзите, како желка и зајак

Мурињо се шегува со Конмебол: И Роналдо може пред Меси да ја освои Копа Америка

Има и такви фудбалери: Ја одби Барселона за да остане во Манчестер Јунајтед