Играч на Атлетико Мадрид треба да биде замена за Роналдо

Секојдневно стигнуваат шпекулации во врска со Манчестер Јунајтед и Кристијано Роналдо, па во тој ранг е и најновата која вели дека „црвените ѓаволи“ тргнале по 23-годишниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Матеус Куња.

Како што сега стојат работите, тој тешко би се изборил за место во составот на Атлетико, а Јунајтед е подготвен да плати 50 милиони евра што е двојно повеќе од сумата која лани ја плати шпанскиот прволигаш на Херта за да го добие во своите редови.

Ако, сепак, трансферот се оствари, тој ќе биде четврти за Куња од 2018 година. Прво од Сион се пресели во Лајпциг, па во Херта, лани во Атлетико и сега би го облекол дресот на Јунајтед.