Игало си го исполни сонот со трансфер во Јунајтед, но доаѓа со скршено срце

„Црвените ѓаволи“ оваа зима донесоа алтернативен играч за краток период, го доведоа Одион Игало, бидејки Маркус Рашфорд е долг период повреден, па им е потребен нов напаѓач.

Игало беше веројатно една од најреалните опции за да се остварат оваа зима, па Јунајтед ќе се обиде да остане во битка за топ4 сезонава со Игало и Марсијал напред, барем додека не се опорави Рашфорд.

Игало како што рече си го исполни детскиот сон, да игра за Манчестер Јунајтед, но сепак неговото срце е скршено.

Тој тагува поради неговата сестра и најави дека секој постигнат гол во кариерата и го посветува нејзе.

Ова е доста емотивен период за мене затоа што не можам да сфатам дека мојата сестра повеќе ја нема и нема да ја видам. Понекогаш кога мислев само ана неа, болката беше ужасна. Секој гол кој ќе го постигнам, ќе биде посветен на неа“, истакна Игало.

Неговата сестра Мерил, почина во 43 година од животот, минатиот декември. Таа починала во својата куќа во Канада, додека ги подготвувала децата за на училиште. Само се срушила на земја, за подоцна да биде утврдено дека тоа бил кобен срцев удар од кој лекарите неможеле да ја вратат назад во живот.