ИФФХС контра „Франс Фудбал“: Избрани најдобриот играч и голман за 2021 година

Меѓународниот Институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) ги избра најдобриот фудбалер и голман за изминатава година, спротивно на одлуката во изборот за „Златната топка“.

ИФФХС, за разлика од „Франс Фудбал“, наградата за најдобар играч на светот му ја додели на голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски. Овој институт по првпат направи свој избор за најдобри фудбалери на светот, па Левандовски е првиот победник со 150 гласови.

Втор заврши Лионел Меси со 105 гласа, а третопласиран е Жоржињо со само 40 гласови. Гласови добија и Кевин де Брујне, Мохамед Салах, Килијан Мбапе, Кристијано Роналдо, Нголо Канте, Џанлуиџи Донарума и Ерлинг Халанд.

Кога станува збор за голманите, Донарума ја доби наградата за најдобар со 175 гласа, а зад него остана Мануел Нојер со 75 гласови, додека трет беше Едуар Менди со 40.