Иднината на Лејкерс – Лука Дончиќ

Во својата втора сезона во НБА, словенечкиот репрезентативец се промовира во еден од најдобрите кошаркари во лигата, а во иднина ќе се обиде, на титулите од Евролигата и Европското првенство, да ја додаде и онаа од најсилниот светски кошаркарски шампионат.

Сега е член на Далас Маверикс и многумина го сметаат за кошаркар кој во се ќе го надмине легендарниот Дирк Новицки. Но, Меџик Џонсон има други замисли како треба да изгледа кариерата на Лука Дончиќ.

„Во моментов, Лос Анџелес Лејкерс е тим на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Но, Леброн за неколку години ќе се пензионира и се ќе остане на Дејвис кој ќе сака покрај себе да има уште некоја суперѕвезда бидејќи од деновите во Њу Орлеанс знае како е кога се игра сам.

Тогаш ќе биде време Лука да се пресели во Лејкерс. Да, тоа треба да се случи, ми се допаѓа“, смета Меџик.

Дончиќ има уште две години од договорот со Далас кој може унилатерално да се продолжи на уште летири со тоа што Словенецот ќе има далеку повисока плата од онаа што ја заработува во моментов. Тоа значи дека би останал во Далас до 2026 година, а најрано што може да замине е јули 2025. Тогаш Леброн би имал 40 години и којзнае дали уште ќе ја имаме таа привилегија да го гледаме на кошаркарските терени.