Иџе потврди: Позитивен сум, сега ми следува малку одмор!

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе, на социјалните мрежи ја информира јавноста и своите фанови дека добил позитивен тест на Ковид19.

Како што истакна Иџе, „за жал сум позитивен!“, но се надева дека се ќе биде во ред наскоро.

Сезоната во ТЦР шампионатот заврши минатата недела, кога се возеше последната трка, во Имола.