Иџе-национале: Ова знаме уште долго ќе се вее по патеките, поздрав за цела Македонија

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе, успеа да дојде до првиот подиум во новата сезона, откако извоза маестрално на неговата омилена патека во Имола.

Тој трката во ТЦР шампионатот ја заврши на втората позиција со 0.8 секунди заостанување зад победникот на трката Кевин Чекон, додека подиумот го комплетираше рускиот возач Евгениј Леонов.

Несомнено дека оваа патека му лежи на Игор Стефановски, бидејки гледајки низ неговата статистика овде, ова е негов петти подиум.

Возилото имаше добар сетап на оваа трка, тимот направи добра работа, можам да кажам дека сум горд што доаѓам од една мала земја, а ова знаме ќе се вее уште долго по патеките, поздрав до сите“, порача Стефановски.

Со оглед на тоа каков е почетокот за Стефановски, да се надеваме дека ваквите резултати ќе зачестат и Иџе постојано ќе го гледаме на подиумите.

Утре се вози исто така нова трка во Имола, почетокот е закажан за 12:15 часот.