Ибра како врвен аниматор, оратор, шоумен!

Златан Ибрахимовиќ оваа недела беше ѕвезда на музичкиот фестивал во Сан Рено, каде се појави неколку вечери.

Откако првата вечер се појави на сцената со песната „Јутро је, Јутро је од Нада Топчагиќ, ги импресионира сите на Балканот, а потоа пееше заедно и со неговиот поранешен колега Синиша Михајловиќ.

Тој зборуваше околу тоа зошто одлучил на сред сезона и при борба за Скудето, да дојде на Сан Ремо, кој го нарече негов фестивал.

Сите пред фестивалот знаеа кој е Златан, зошто Златан дојде овде? Затоа што Златан сака предизвици и адреналин. Ако себеси не си поставите цел, никогаш нема да победите. Во кариерата имам одиграно 945 натпревари и победив многу, но не на сите. Освоив 11 титули, загубив некои“.

„Јас сум Златан и кога не победувам и останувам Златан кога победувам. Постигнував многу голови низ кариерата, но и промашував. Неуспехот не е спротивен правец на успехот, тоа е дел од успехот. Да не се работи ништо, ете тоа е најголем неуспех. Доколку Златан знае да згреши, можете и вие“, порача Златан Ибрахимовиќ.