И Жеравица ќе дојдеше до Скопје за Лазо Лечиќ доколку беше жив!

Кошаркарската легенда од Македонија, Лазар Лечиќ, наполни 80 години, па во Скопје во негова чест беше одбележан овој јубилеј, на кој што во Скопје беа присутни звучни имиња од  југословенската кошарка.

На оваа средба или јубилеј, беа присутни многу звучни имиња од кошарката од цела поранешна Југославија, кои му изразија голема почит за се што сторил за кошарката која денеска се нарекува „global game“.

Исто така еден од присутните на оваа манифестација беше и Рато Тврдиќ, поранешен играч од првата шампионска генерација на Југославија, која тогаш беше под раководство на Ранко Жеравица и помошникот Лазар Лечиќ освои прво злато со репрезентацијата.

Да беше Ранко Жеравица жив, и тој ќе присуствуваше на свеченоста во чест на тренерот кој популарно во минатото го имаше прекарот „Грк“.