И тоа се случи: Бруно Фернандес промаши пенал!

Првпат откако во јануари дојде во Манчестер Јунајтед, португалскиот репрезентативец Бруно Фернандес не успеа да реализира удар од белата точка.

До натпреварот против Њукасл ги погоди сите 10, сметајќи ги сите натпреварувања во кои учествува неговиот тим. Сепак, вечерва не успеа да го совлада Дарлоу кој го одбрани неговиот пенал во 58. минута. По натпреварот, Фернандес му честиташе на противничкиот голман.

„Му честитам, тој е прв голман во Премиер лигата кој успеа да ми одбрани пенал“, изјави Португалецот.

За негова среќа, тој нешто подоцна ја затресе мрежата на Њукасл и ја најави убедливата победа од 4-1 на Јунајтед.