И повеќе од заслужено: Мадрид му изрече казна од 250.000 евра на Рамос!

За само половина век човекот својата единствена планета, пред се благодарение на неумереното уништување на зелените површини, воглавно шумите, како и со загадувањето предизвикано од пластичниот отпад, ја доведе на работ на пропаст. Но, воедно и својата егзистенција.

Се само поради заработувачка која воглавно ја „бркаат“ оние кои веќе и имаат премногу. Главните виновници се секако „инвеститорите“, кои се наоѓаат на чело на екоцидот и урбицидот, само за да купат уште еден автомобил или куќа. Меѓу таквите има и многу фудбалери, кои воглавно се занимаваат со изградба на станбени згради. Се со цел заработените милиони да не отидат на глупости, па мораат да се „вработат“, а еден од главните начини е токму тоа.

И преубавата Шпанија, а особено Мадрид има слични проблеми со безобразните инвеститори како и ние, само со децении. Еден од најголемите, ако не и најголемиот инвеститор во воглавно беспотребна изградба, со директни врски во кралската куќа е и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, па во меѓувреме се донесени закони кои спречуваат понатамошно уништување на јадрото на градовите, но и екологијата воопшто. И тоа со мошне остра казнена политика бидејќи веќе сите се свесни дека нема повеќе време и мајката природа мора да се брани со сите средства.

Во тоа се фати и Серхио Рамос, кој изгледа е еднакво безобѕирен како и неговиот претседател, па градежната фирма чиј сопственик е сериозни го разлути челниците и жителите на Алкобендас, предградието на Мадрид. Имено, по серијата опомени и казни, мораше и судот да реагира и остро да го казни стоперот на Реал, односно неговата фирма која таму нелегално од 2017. година поради изградба исекла помеѓу 60 и 90 столетни дрвја, воглавно храстови, борови и маслинки.

Одлуката е донесена по притисок на јавноста и затоа е така жестока, бидејќи Рамос мора да плати казна од дури 250.000 евра, но и да обезбеди стари и зрели садници кои колку-толку ќе го надоместат губитокот кој неговата фирма го предизвика. Бесните жители биле за далеку поостри казни како што е рушење на зградата која ја изгради и казна затвор, така што Рамос помина и добро. Засега.