И некомплетен Вардар пресилен за Еурофарм Пелистер

Актуелниот македонски ракометен првак Вардар во дерби дуелот од 4. коло на Супер лигата славеше над Еурофарм Пелистер со резултат од 29-25.

Клучната предност која на крај се покажа и како одлучна за конечниот исход на мечот „црвено-црните“ ја направија во самиот финиш на првиот дел, па на пауза заминаа со +4(15-11).

Во вторио дел во најголем дел Вардар го контролираше водството имаше и +5, но во финишот можеше да си направи од готов вересија.

Битолчани дојдоа на гол негатива, но тоа беше се од нив на овој меч. Талевски се разигра во финишот и со три гола во низа му донесе победа на Вардар.

Дибиров беше нерешлива енигма за Еурофарм и го заврши место со 10 гола, додека пет даде Талевски. Кај битолчани најефикасни со по пет гола беа Хрватите Кушан и Мандалиниќ.