И на Карачиќ му е доста веќе од кризата – па испрати порака на социјалните мрежи

Легендата на Вардар и омилениот ракометар на навивачката група „Комити“, Игор Карачиќ, посакува што е можно поскоро враќање на терените.

Хрватот кој по заминувањето од Вардар, потпиша договор со Кјелце, ја одигра првата иако се уште некомплетна сезона, но очигледно како сите останати, така и Карачиќ, посакува наскоро ракомет.

Игор Карачиќ на социјалните мрежи објави статус со текст „Проклетство, колку ми недостига оваа игра“.

Но вистинско прашање е дали Карачиќ ќе остане во Кјелце по оваа сезона, без оглед на тоа дали ќе се доигра до крај или не, бидејки клубови се соочуваше со една голема финансиска криза, од која постоеа сериозни индиции дека тој и уште некои играчи на Кјелце ќе го напуштат клубот.