И Мерцедес не е веќе тоа што беше: Волф подигна бело знаме по првата трка

Првиот човек во гаражата на Мерцедес, Тото Волф, смета дека Ред Бул е подготвен сезонава да ја распарчи конкуренцијата со тоа што смета дека би победиле на сите трки.

По првата неуспешна трка во новата сезона, ваков став од шефот на Мерцедес е помалку и неочекуван, бидејки Волф досега делуваше како голем фајтер, но Мерцедес ги нема сезонава потребните перформанси за да конкурира на било кој.

По првата трка сезонава, верувам дека Ред Бул е зрел да победи на сите трки до крајот на сезоната, не може да се натпреваруваме со нив сезонава“, смета Волф.

Пред почеток на сезоната директорот на Мередес истакна дека е сигурен дека нивниот болид ќе се бори за победа, но ваков став потполно ги менува работите и Волф е веќе со кренато бело знаме, што за нивните навивачи е поразително.

Исто така и Хамилтон имаше остри зборови до водечките луѓе на Мерцедес, поради пристапот кон новиот болид за кој тој своевремено советувал дека не оди во добар правец.