И Манчестер Јунајтед во редот за Србинот

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ.

Како што објави „Дејли мејл“, Јунајтед со недели ги следи игрите на српскиот репрезентативец за кого клубот од Фиренца бара 80 милиони евра.

Влаховиќ оваа сезона постигна 12 гола и додаде две асистенции на 14 натпревари и е еден од напаѓачите со најдобри перформанси во елитните пет европски лиги.

Но како што е познато, не е само Јунајтед заинтересиран, долго време во игра се Њукасл, Тотенхем, Јувентус и Милан.

Досега Влаховиќ има постигнато 41 гол на 98 натпревари за „виолетовите“ откако пристигна пред три години.

Тој има договор со клубот до летото 2023 година, но јасно е дека ќе си замине бидејќи одбил да ја продолжи соработката.