И Карачиќ го напушта Вардар: Хрватскиот ракометар се сели во Полска!

Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ, по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти таборот на македонскиот и регионален шампион и ќе се пресели во редовите на полски Кјелце.

Ова го објави неговиот менаџер Милош Павичевиќ на Фејсбук, притоа не објавувајќи дел од деталите на овој трансфер.

Во објавата стои дека хрватскиот репрезентативец потпишал тригодишен договор најголемиот полски клуб Кјелце.

Игор Карачиќ по седум години ќе го напушти Вардар и кариерата ќе ја продолжи на друго место. Хрватот беше дел од Вардар уште пред пристигнувањето на Самсоненко во клубот, а со нашиот ракометен гигант освои четири шампионски титули во првенството, исто толку пати го освојуваше националниот Куп, во два наврати ја освојуваше СЕХА лигата, а во сезоната 2016/17 беше дел од историскиот успех кога со Вардар ја освои ЕХФ Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Кога е најтешко, ова е најмалку што може да се направи: Вардаре, не те оставаме!

Парондо сликовито ја објасни (не)идеалната ситуација во клубот оваа сезона

Селекторот Симовски го објави списокот на ракометарки за баражот за СП

Дерби во финалето на универзитетската лига во ракомет!

Вардар рутински и сигурно против Бутел

Македонија е европски и светски ракометен гигант: Пристигна уште едно признание од ЕХФ

Вардар на лето ќе купува од Металург !?

ЕХФ со поздрав за најголемите: ВАРДАР, добредојде во Келн!

Вардар го загуби Купот на Македонија, но ги доби најдобрите можни вести