Дефинитивно Мундобаскетот во Кина ќе биде сиромашен за голем број ѕвезди. Од ден на ден како се наближува шампионатот, пристигаат информации за нови откажувања.
Едно од нив е она на о центарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Никол Мели кој нема на биде дел од селекцијата на Италија.
Мели се опоравуваше од операција на коленото која ја изврши на 27 јуни и не успеа да се рехабилитира и покрај огромната желба на Италијанецот да игра за својата репрезентација.
Селекторот Мео Сакети со петнаесет кошаркари моментално се подготвува во база во Рим, а утре ќе одиграат пријателска со Венецуела.