И Елмас меѓу казнетите: Македонецот остана без пола плата

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е казнет со 56.250 евра од раководството на Наполи.

Сопственикот Аурелио де Лаурентис прибра вкупно 2,5 милиони евра како казни од фудбалерите поради неодамнешната побуна во која учествуваа речиси сите. Елмас не е казнет поради тоа, туку поради прекршување на клупската забрана за комуникација со медиуми.

Најлошо помина Лоренцо Инсиње кого Де Лаурентис го смета за лидер на буната и тој ќе плати нешто повеќе од 374 илјади евра. Зад него е Кулибали со 225 и Алан со 188 илјади евра.