И Бекер контра Ѓоковиќ: Љубоморен им е на Федерер и Надал!

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер призна дека многу пати во текот на нивната меѓусебна соработка го предупредил српскиот ас дека не треба да се однесува дивјачки и да фрла предмети наоколу.

Но, Германецот откри уште една работа која е една од причините за бесот кај Ѓоковиќ последните години. Тоа е љубомората поради популарноста на Роџер Федерер и Рафаел Надал во светски рамки иако тој може да ја заврши кариерата со најмногу Гренд слем и Мастерс титули.

„Многу пати во минатото му укажував на тоа да го контролира бесот и особено да не фрла предмети затоа што може да биде казнет за тоа. Имаше слични случаи и претходно, само што не погоди никого, па од тоа не се правеше драма.

Многу го сакам Новак, тој е можеби најпонизниот суперстар во светот, секогаш мисл на луѓето околу себе и е подготвен секому да помогне. Но, игра во ера на Роџер Федерер и Рафаел Надал и во нивно друштво, важи за лошо момче. Мислам дека многу го погодува тоа што на светско ниво не е популарен како нив двајца“, напиша, меѓу другото, Борис Бекер во својата колумна за Дејли меил.

Ѓоковиќ ќе има многу доволно време да седне и да размисли за своите постапки бидејќи следниот турнир за него е „Ролан Гарос“ кој почнува на 28 септември.