И ББЦ со комплименти за Елмас – една од 20. млади ѕвезди на Еуро

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас секојдневно добива комплименти од реномираните европски и светски медиуми, а на нив денеска им се придружи ББЦ кој го вклучи во групата од 20 млади играчи од кои се очекува блесок на претстојното Европско првенство.

За нашиот фудбалер, англиските новинари велат дека е како пајак и македонски дијамант. Наполи за него плати 15 милиони фунти кога тој имаше само 19 години, по две сезони поминати во Фенербахче. Може да игра како лажна деветка или меѓу двата шеснаесетника.

Во конкуренција со Елмас се уште неколку познати фудбалери како Александар Исак од Сосиедад, Жил Кунде од Севиља кого го нарекуваат „новиот Кафу“, Педри од Барселона итн.