Хувентуд го победи Партизан во последната четвртина – Димитријевиќ одличен вечерва

Хувентуд вечерва се избори за победа против белградски Партизан во Еврокупот, иако пред крајот на последната четвртина, Партизан имаше солидна предност.

Но тимот од Бадалона, предводен од Рибас кој постигна 18 поени, и македонскиот кошаркар Нено Димитријевиќ, кок запиша по 14 поени, го трасираа патот на шпанската екипа до триумф во првото коло.

Евидентна беше добрата игра на тимот од Бадалона во последната четвртина која ја добија со 24:11, и тоа всушност беше клучно за победата вечерва.

Освен 14-те поени, Димитријевиќ запиша уште и 4 асистенции против Партизан.