Хумелс го предупреди Халанд: Тој мора да биде свесен за следниот чекор

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, го предупредува својот помлад колега Ерлинг Халанд, дека не смее да направи огромна грешка, во обидот да оди чекор напред во кариерата.

Поради тоа што за Халанд постои незапамтен интерес од цела Европа, се чини дека клубовите од Манчестер засега, покажуваат најсериозен и најконкретен интерес за негов ангажман.

По тој повод, Матс Хумелс реши да го посоветува својот помлад колега на еден разумен начин, со изјава во која има скриена порака.

Би го разбрал дури и да сака да остане во Дортмунд, бидејки овде работите навистина функционираат, знае на што е овде и што има. Се надевам дека ќе остане долго со нас“.

„Би му кажал дека тревата не е секогаш најзелена од спротивната страна на теренот, во фудбалот мора секогаш да бидете свесни за тоа. Тој е комфорен во Дортмунд со момците, сметам дека може уште многу што да му понудиме на Ерлинг Халанд“, истакна Хумелс.

Со ваква изјава, Хумелс се обиде да му посочи на Халанд дека треба да биде екстремно внимателен при изборот на својот нов клуб, затоа што во минатото многу големи играчи со ветувачка кариера, го направиле погрешниот избор.