Хуан Мата во големи проблеми – мора да го затвори ресторанот

Шпанскиот интернационалец во редовите на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата се најде во големи финансиски проблеми поради што е принуден да го затвори својот ресторан во центарот на овој англиски град.

Како и во многу угостителски објекти низ светот, ресторанот на Мата беше погоден од корона вирусот кои предизвикаа големи долгови. Последната завршна сметка покажа минус од 772 илјади фунти што е неиздржливо дури и за фудбалерот чија плата е далеку над оваа сума.

„За жал, по пет години во кои се обидовме да ја донесеме Шпанија кај вас, ресторанот Tapeo&Wine нема повеќе да ги отвори вратите за своите гости. Оваа одлука ја донесовме врз основа на многу фактори и сакаме да им заблагодариме на сите оние кои ни дадоа поддршка во овој период и беа наши гости“, се вели, меѓу другото во објавата на ресторанот.

За време на пандемијата тој функционираше на база на достава и храна за носење, но со такво темпо тој не можеше да издржи.