Хрватски доктор открива интересна информација: Ме побараа за операција

Ситуацијата со Михаел Шумахер останува „ад-акта“ или нешто од кое нема информации за неговата здравствена ситуација.

Откако легендарниот и трофеен германски Ф1 шампион се повреди скијајки на француските алпи, има се помалку информации за неговото здравје.

Деновиве се појави и документарец за Михаел Шумахер на Нетфликс, во кој не се открива премногу, но доволно за да се знае дека Шумахер комуницира со своето семејство.

На таа тема, имаше што да каже хрватски неврохирург, кој открива дека семејството на Шуми го побарал за да може тој да му вгради во операција микрочип.

Веднаш по она што се случи во Франција, требаше да се направи нешто и ако беше брза реакцијата, шансите да закрепне ќе беа поголеми. Сега шансите се се помали за Михаел да биде каков што беше порано“, открива Дарко Чуди.

Сопругата на Шуми, Корина и нивното семејство, годиниве лавовски се борат за да го задржат Михаел Шумахер во живот и според неофицијални информации до блиски соработници на германскиот ас, тој комуницира со семејството само преку поглед.