Хрватска ракометна колонија во Битола

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе влезе со шампионски амбиции и со цел да ја врати ракометната еуфорија во Битола која последен пат на титула се радуваше пред 15 години.

Екипата ќе има хрватски шмек бидејќи покрај тренерот Жељко Бабиќ, во имот има тројца ракометари од земјата што е актуелен европски вицешампион: Стипе Мандалиниќ, Матео Мараш Томислав Кушан.

„Имав добра понуда од Мешков Брест, но потоа се јави Пелистер со уште подобра. Не се мислев многу, сепак Битола е поблиску од Брест, ќе играм и СЕХА лига и почесто ќе бидам во Хрватска. Не е тајна дека превага беше тренерот Жељко Бабиќ“, призна Мандалиниќ, најзвучното име од сите Хрвати кои одлучија да се преселат во Битола.

Во моментов е неизвесно дали Пелистер ќе настапи во Лигата на шампионите. Како и да е, со силни Вардар и Металург, како и битолскиот клуб, Македонија ќе има убедливо најсилна лига на Балканот, но и меѓу најсилните во Европа.