Хрватска е најкомплетна селекција

462

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Љубомир Травица ги привршува подготовките за завршниот турнир од Европската сребрена лига што утре и задутре се игра во Скопје. Македонија покрај тоа што е домаќин е селекција која претходните три години играше во финалето, но поразена и како второпласирана го завршуваше натпреварувањето.

 

Утре во полуфиналето ривал на Македонија е селекцијата на Хрватска.

 

– Хрватска е најкомплетната селекција на овој турнир. Имаат голем број квалитетни играчи и повеќето настапуваат надвот од Хрватска и покажаа дека знаат да бидат незгоден тим. Сепак и тие имаат слаби страни, а ние ќе треба да ги искористиме. Ова ќе биде дуел и надигрување за секој поен, истакна Травица.

 

Дуелот Македонија – Хрватска се игра во СРЦ Кале со почеток од 20 часот, влезот е слободен, а претходно од 17 часот е натпреварот меѓу Белорусија и Летонија.
Победниците од полуфиналните дуели во сабота од 19 часот ќе играат во финалето, а поразените од 16 часот ќе го играат дуелот за третото место.