Хрватите тврдат: Тимур Дибиров си заминува од Вардар?!

Хрватскиот дневен весник „Јутарњи лист“, носи ексклузивна вест од која сигурно ќе има разочарување во Скопје.

Имено, тие пишуваат дека Динамо Загреб е блиску до договор за трансфер на Тимур Дибиров од Вардар Скопје директно во Загреб.

Несомнено дека сите овие години додека Дибиров го носеше дресот на „црвено-црните“, ги стекна симпатиите на навивачите, па сигурно ако се случи овој трансфер, навивачите ќе бидат разочарани.

Според она што го брифира споменатиот медиум, биле блиску до договор со Дибиров и дека самиот играч потврдил за нив дека се уште преговараат и дека се оди во добар правец.

Со оглед на тоа дека Вардар има забрана за играње во ЛШ, од една страна логично е повеќето играчи кои имаат амбиции, да се решат на заминување.