Хрватите се чудат: Како моежеше да ја избереш Македонија пред Хрватска?

3268

Еден од најтиражните хрватски весници „Вечерни лист“ објави една мошне интересна сторија за младиот Кршван Кларица, момче кое е родено и расте во хрватски Задар, но се одлучило да игра за кошаркарската селекција на Македонија.

„Пред две години бев во камп на хрватската селекеција, но за жал не успеав да влезам во репрезентацијата. Набрзина потоа следеше повик од македонската федерација за камп и влегов во репрезентацијата. Сите беа зачудени, и професорите и пријателите како одбрав да играм за Македонија. Па морав да објаснувам дека мојата баба е родена во Битола“, изјави Кларица.

Ова момче во интервјуто зборува дека е воодушевен од професионализмот и условите на МКФ, а зборува и за подготовките во Маврово и Скопје, како и турнирот во Турција.