Христијан Илиевски Кико е новиот спортски бренд амбасадор на СН финансиско друштво

Христијан Илиевски Кико, блескавиот мотокросист со меѓународна шампионска слава е новиот спортски бренд амбасадор на СН финансиско друштво.

Пред државното првенство кое оваа недела ќе се одржи на патеката Смолево, денес симболично во СН финансиско друштво му ја подарија професионалната кацига со која Кико ќе вози.

“Му посакуваме многу среќа и блескав успех на Кико и на неговиот клуб Пелистер, кој е воедно и организатор на овој државен шампионат во мотокрос. Спортот е одлична платформа за јакнење на брендот. Со добри резултати, македонскиот спорт може да биде еден од најдобрите производи кои држвата го има, има тимови кои ве носат во Европа, има спортисти во индивидуални спортови кои ве носат во светот, а има и настани на кои градите имиџ на комапнија која е тука за поддршка, зошто препознава добри настани” – истакна Никола Јошевски, генерален директор на СН финансиско друштво.

Низ изминатите години, заради фактот што СН финансиско друштво својата централа ја има во Битола, дефинитивно се одлучи својата поддршка да ја даде на локален спорт по кој Битола е препознатлива и дома и надвор од границите.

“Битола е вистински спортски град. Живее за спортот и верува во спортот. Тука ќе ги споменам ФК Пелистер, РК Еурофарм Пелистер, Кугларскиот клуб Битола 1982, ја поддржуваме планинарката Ана Котевска која освојува планински врвови дома и по светот, стоиме како еден од најголемите спонзори на најмасовниот спортски настан во Битола ТРЧАЈ БЕ трката. Сега во наше друштво на спонзорирани спортисти, наши спортски бренд амбасадори, го ставивме и еден од најдобрите мото-крос возачи во историјата, Христијан Илиоски, кој се врати на натпреварувањата по тригодишна пауза. Со неговите резултати Илиоски само потврдува дека брзината и мото-кросот му се крвта. И ќе ја има нашата поддршка“, додаде Јошевски.

Кико се заблагодари за подарокот и за почетокот на соработката изјавувајќи “ СН финансиско друштво – секогаш тука за спортот е покажан на дело. Им благодарам на компанијата СН финансиско друштво и сакам да потенцирам дека многу е важно да имате тим во компанијата кој спортски размислува. Оваа компанија тоа го има и очигледно таквиот тим ја носи компанијата во победа”-изјави Христијан Илиевски Кико.

Мото клубот “МК Пелистер ” од Битола, чиј член е Кико е организатор на мотокрос натпревар кој ќе се одржи на 10ти Октомври 2021год. на патеката Смолево во Битола со почеток во 11:30ч.