Хорор период: Петмина младу фудбалери починаа последните пет дена

Само за последните пет дена починаа пет млади фудбалери ширум светот и сите од здравствени проблеми.

Во саботата во Србија почина 25-годишниот Немања Миросављевиќ од последици од срцев удар, откако претходно една недела беше во кома. Претходниот ден слична вест ја потресе Хрватска каде почина 23-годишниот Марин Чачиќ, играч на Нехај од Сењ кој 72 часа се бореше за живот.

Останатите тројца фудбалери кои починаа последната недела се 30-годишниот Софијан Локар од Алжир, 29-годишниот Мукалед Ал Ракади од Оман и 23-годишниот Анвар Ахмед Амин од Египет.