Хорор за јужноафрикански триатлонец: Го киднапирале и со пила пробале да му ја исечат ногата!

658

Јужноафриканскиот триатлонец Мленги Гвала бил нападнат во близина на градот Дурбан и тројца, засега непознати напаѓачи, се обиделе да му ја исечат ногата.

„Во вторникот во три часот наутро Гвала одел да се најде со некој пријател со кој требал да тренира кога го нападнале тројцата напаѓачи“, изјави Денис Џексон, директорот на организацијата која им пружа поддршка на спортистите во Дурбан. Тој додаде дека бандата се обидела да му ја исече ногата на Гвала со помош на пила.

Тие луѓе скокнале од грмушките. Помислил дека сакаат да го ограбат, па им ги понудил својот телефон, паричник и велосипед“, изјави пријателот на Гвала Сандиле Шанге.

„Меѓутоа, тие не го сакаа тоа. Зедоа пила. Двајца го држеа на горниот дел од неговото тело, додека третиот му ја сечеше ногата. Мислам дека дојдоа до коската и потоа не можеа понатаму. Тогаш се обидоа да му ја исечат другата нога“, изјави Шанге.

„Според Мленги, пилата била мошне ‘рѓосана“, додава тој, изјавувајќи дека напаѓачите побегнале кога пристигнало локалното обезбедување.

„Мленги е опериран со цел да му се спаси ногата. Лекарите се оптимисти“, изјави Денис Џексон и додаде:

„Гвала е неверојатна личност, пријателски расположен кон сите и голем амбасадор на спортот“.