Хорнер од Ред Бул на суров начин одговори на шпекулациите со Фернандо Алонсо

Еден од водечките луѓе во Ред Бул, Христијан Хорнер, ја отфрли можноста Фернандо Алонсо да се пресели во нивниот болид, по заминувањето на Даниел Рикиардо во Рено.

Славниот 37 годишниот шпански ветеран со Рено во минатото освои две шампионски титули (2005 и 2006), имаше шанса и со Ферари, но не успеа тоа да го дотурка до крај, па потоа се врати во Мекларен, каде и таму не успеа да се прослави и целосно се загуби во овој спорт.

Сите веруваа дека токму тој е следниот избор на Ред Бул на местото на Рикиардо, но сепак тоа е демантирано од Хорнер, со прилично суров коментар на сметка на Шпанецот.

Имам голема почит кон Фернандо, тој е добар возач, но тешко е тоа да се замисли. Тој има тенденција да предизвика хаос каде и да се наоѓа. Мислам дека не би било најдобро тој да ни се придружи“.

„Сакаме да вложуваме во младите возачи, наместо да враќаме возачи при крај на кариерата“, порача Хорнер.

Освен во шпекулациите со Ред Бул, Фернандо Алонсо се шпекулира дека од следната сезона може повторно да се врати во Ферари, можеби на местото на Кими Раиконен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Волф го поздрави најзаслужниот за „опструкциите“ кон Ферари!

Кими е цар – со два три збора ја објасни лудата ноќ на ФИА забавата

(ВИДЕО) Срамно однесување на Раиконен, „мртов“ пијан се појави да ја прими наградата

Тод: На работ на солзи сум, посакував ситуацијата да биде поинаква, но..

Хамилтон живее опасно: Една недела по новата шампионска титула, доживеал несреќа

Сабине Кем открива зошто Шумахер се држи во тајност: Сакам да му исполнам една желба!

Бријаторе: Формула 1 без Алонсо сега ќе биде како Реал без Роналдо!

Алонсо кажа збогум на Формула 1, еве како Хамилтон и Фетел се простија од некогашниот шампион

Шампионски крај на Хамилтон на денот на легендите