Хомола со триумф во Хунгароринг на почетокот од новата сезона во TCR, Давидовски 25-ти

Денешната прва трка од шампионатот во TCR Europa, заврши со тројна победа на Хјундаи со редослед Хомола, Филес, Панчиатичи.

Победник во Хунгароринг денеска е словачкиот возач Мато Хомола, кој ја имаше и пол-позицијата на оваа патека, додека на победничкиот пиедестал се пласирани уште и британскиот и француски возач.

Хомола имаше одличен старт, приморувајки го Андреас Бакман на проблеми уште при првите неколку свиоци, кој се спушти дури на 16 позиција по само еден круг.

Победата на Хјундаи ќе беше комплетна на првите 5 позиции, доколку пежото на Жулиен Бриш не се испречеше пред 5. и 6. пласираните Душан Борковиќ и Даниел Наѓ од Хјундаи.

Нашиот Виктор Давидовски со ПСС Рејсинг трката ја заврши на 25 позиција во конкуренција на 37. возачи, а стартуваше од 19 позиција од стартот на денешната трка во Унгарија, а втората рунда денеска, односно трка на истата патека се вози во 14 30.

Следната трка се вози на Хокенхајм во Германија на 26. мај.

Oва е пласманот во топ10 и нивните времиња и заостанувања:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Солзи и неверување – замина легендарниот Ники Лауда!

ВИДЕО: Доминацијата на Маркез продолжува – победи во Ле Ман и имаше комичен танц!

ФОТО: Трагедија за Макс Бјаџи – го загуби својот татко и ја објави последната фотографија

(ВИДЕО) Страшни слики од САД: Фернандо Алонсо со полна брзина се заби во ѕид

ВИДЕО: Болно до срж – момче кое полека умира, доби неочекуван подарок од Хамилтон

(ФОТО) Иџе го покажа новиот дизајн на своите автомобили – помоќни од било кога

(ВИДЕО) Уште сега предизвикува морници: Излегоа првите снимки од документарецот за Шумахер

Ферари е далеку од Мерцедес – Ботас прв, Хамилтон втор во Каталонија

ВИДЕО: Мекларен направи неверојатен превид – го прекрстија својот возач